ФФМ ГО ИЗБРА НАЈДОБРИОТ ЗА 2014 ГОДИНА И ЌЕ ГО КРУНИСА НАРЕДНИОТ ВТОРНИК ВО СКОПЈЕ
Поранешниот напаѓач на Пелистер, Победа, Вардар и минатата сезона Работнички и актуелен член на тајландскиот Чаинат, Борче Маневски, е избран за најдобар фудбалер на годината, според одлуката која денеска ја донесе Управниот одбор на ФФМ.
По гласањето на навивачите преку анкетата на официјалниот интернет сајт на ФФМ и мислењата на стручните комисии во рамките на ФФМ, Маневски ќе биде добитник на признанието за најдобар зиминатава година. Минатата година признанието го доби уште еден битолчанец, Николче Новески. Маневски заедно со тренерот на Работнички, Игор Ангеловски, кој е избран за најдобар тренер за 2014, беа најзаслужни за двојната круна минатата сезона. „Романтичарите“ го добија признанието за најдобра екипа на годината. Најдобар млад фудбалер во 2014 година е крилниот играч на Вардар, Јасир Асани, кој одигра одличен пролетен дел од минатото првенство, а продолжи во ист ритам и сезонава, а најдобра фудбалерка на годината е Наташа Андонова од Турбине Потсдам. Прогласувањето на најдобрите ќе се одржи на свеченоста која ФФМ ќе ја организира на 23 декември.

Нема коментара:
Постави коментар