ЧЕСТИТКИ ЗА ХУМАНАТА СТРАНА НА ЧЛЕНОВИТЕ НА ФК ПЕЛИСТЕР
ФК Пелистер ја
покажа својата хумана страна, откако за новогодишните празници го посети ОУ
„Ѓорѓи Сугарев„ во Битола и фудбалерите, стручниот штаб и управниот одбор, ги
израдуваа најмладите. Со новогодишни пакетчиња и спортска опрема со заштитниот
знак на клубот, тие ги израдуваа учениците, кои подготвија приредба за
фудбалерите. Во клима на обострано задоволство наредна средба си закажаа на
градскиот стадион под „Тумбе кафе„
Димче Шеровски
(претседател на
ФК Пелистер)
Сакам во името на
нашиот клуб и професионалците и големата армија навивачи да им ги честитам
новогодишните празници на овие млади момчиња и девојчиња и се надевам дека
барем малку ги израдувавме. Благодарност до директорката на училиштето, која ни
овозможи да бидеме гости во ова училиште. Ова нема да биде наша единствена
хуманитарна акција. Ние и во иднина ќе организираме и хуманитарни натпревари и
ќе помагаме каде тоа ќе биде потребно.
Ѓоко Хаџиевски
(тренер на ФК
Пелистер)
Покрај тоа што
значи фудбалскиот проект многу значајна е и оваа социјална димензија. Затоа
денес сум среќен што видовме многу насмеани лица, задоволни ученици и верувам
дека пак ќе ги посетиме. Ние се наоѓаме на почетокот на нашиот проект и во сите
фази ќе растеме и се надевам ќе бидеме пример за останатите.
Нема коментара:
Постави коментар