Powered By Blogger

9. 2. 2015.

KK Младост обезбеди финале на младинскиот Куп на Македонија

ГОЛЕМ УСПЕХ НА КОШАРКАРКИТЕ НА МЛАДОСТ СО ПЛАСМАНОТ ВО ФИНАЛЕТО НА КУПОТ
            
Младите кошаркарки на „Младост“-девојки родени 1997 и помлади за прв пат во богатата клубска историја ќе играат во финалето на младинскиот Куп на Македонија. Овој успех има уште поголема тежина бидејќи е постигнат на гостински терен, и тоа во храмот на македонската кошарка, салата „Градски парк“ во Скопје.
Постигната е историска победа над фаворитот „Работнички“ (поранешен „Кросиг“) со резултат 50:43. Натпреварот беше драматичен до самиот крај, кога во последните 3-4 минути битолските кошаркарки со прецизен шут се „одлепија“ од фаворитот и мирно влегоа во самата завршница. „Навистина голем успех на нашиот клуб, сè уште не ми се верува дека ќе играме во самата завршница на ова реномирано натпреварување. Им благодарам на девојките што ни приредија вакво изненадување. Престои период на подготовки за финалето и се надевам дека со дисциплинирана игра ќе дојдеме до толку посакуваниот пехар на МКФ. Финалето е само еден натпревар, можеби ќе решава моменталната инспирација и подготвеност, но и на тоа ќе работиме во престојниот период„ ни изјави по враќањето тренерот Горјан Стојановски. Финалето, традиционално се игра пред натпреварот на сениорките на неутрален терен, а противник е „стариот“ должник „Бадел 1862“ од Скопје.

Нема коментара:

Постави коментар