МРЕЖИТЕ МИРУВАА ВО НАЈНОВОТО ПЕЛАГОНИСКО ДЕРБИ НА СТАРИТЕ РИВАЛИ
Пелистер - Победа
0:0
Стадион: Павел
Шатев„ - Битола. Гледачи: 300
Главен судија:
Благојче Ралевски
Асистенти: Панде
Атанасов и Васко Клочевски
Пелистер:
Драгоевиќ,
Петрески, Смокоски, Чешмиџиев, Велковски, Тодоровски, Мустафов, Митиќ,
Миленковски, Трифуновски, Цирлидис
Уште играа:
Пашовски, Талевски, Трајковски, Атанасов, Речковски
Победа:
Апостоловски,
Митрески, Милошески, Ф. Мирчески, Николов, Здравески, Мегленски, Аломеровиќ,
Шаркоски, Карчески, Јанкоски
Уште играа:
Јованоски, И. Мирчески, Ацески, Богоески, Зојчески, Чешалкоски, Јанкулоски,
Ѓорѓиески
На неполна недела
до почетокот на своите шампионати, Пелистер и Победа играа без голови на
теренот со вештачка трева во Битола. Двете екипи настапија со комбинирани
состави и имаа свои позитивни и негативни моменти. На мечот му недостигаа
голови, иако шансите ги имаше. Аломеровиќ со удар прв се закани во 4 минута за
прилепчани. Во 23 и 24 минута, битолчанецот на голот на третолигашот,
Апостоловски одбрани два зицери по шансите на Миленковски и Цирлидис. Во 39
минута по акцијата на Велкоски, гркот за малку задоцни околу пеналтикот. Во вториот
дел ритамот опадна и стручните штабови извршија серија на замени. Мирчески во
51 минута ја имаше најзрелата шанса за Победа, а Митиќ во 80 и Велковски во 83
минута имаа стопостони шанси за Пелистер. Зелените за разлика од мечот со
Влазрими беа без репрезентативецот под 19 години, Мартин Мирчевски, а некои
фудбалери Хаџиевски ги заштеди и превентивно не ги стави во игра. В недела
против Брегалница по осум контролни натпревари, реновираниот млад битолски
прволигаш, ќе ја има правата вредност на своите можности.
Нема коментара:
Постави коментар