ЗАВРШЕНА ГЛАВНАТА ФАЗА ОД ПОДГОТОВКИТЕ НА ПЕЛИСТЕР ВО АНТАЛИЈА
По 14 дена минати
во Белек, Анталија фудбалерите на Пелистер денес се вратија во Битола и имаат
две недели да го подготват првенственото деби оваа пролет со Брегалница под
Тумбе кафе на 1 март. Со три порази и една победа, младата екипа на Хаџиевски
одработи добар период на подготовки и по слободниот ден, стручниот штаб ќе го
доближи тимот до перфектната физичка спрема.
Договорени се уште два контролни
натпревар на 21 февруари против амбициозниот второлигаш Влазрими на бившиот
тренер на Пелистер, Драган Бочевски и на 24 февруари против третолигашот
Победа. Најверојатно двата натпревари ќе се играат во Битола. Во меѓувреме
целта е да се оспособат фудбалерите кои ги пропуштија подготовките заради
повреди или оние кои работеа со помал интензитет во Турција. Така Анастасов, Пашовски,
Степановски, Крстески, Трајковски, Талевски заостануваат зад групата која
работеше во убавиот амбиент во Белек. Временските услови во Битола деновиве им
одат во полза на пелистерци, кои по шест меѓународни теста, наредната недела за
прв пат ќе играат со македонските противници.
Нема коментара:
Постави коментар