Powered By Blogger

18. 2. 2015.

Надежите ремизираа со Тетекс, Мирчевски стрелец на вториот гол

ВО КОНТРОЛЕН МЕЧ ВО СКОПЈЕ, НАШАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА ПОД 19 ГОДИНИ РЕМИЗИРАШЕ ПРОТИВ ТЕТЕКС
Репрезентацијата на Македонија до 19 години одигра 3:3 против прволигашот Тетекс на контролен натпревар одигран на тренинг центарот „Петар Милошевски". Тетовскиот прволигаш го отвори резултатот од натпреварот со погодокот на Христов во 30. минута.
Шест минути подоцна селекцијата на Македонија израмни со голот на Влатко Стојановски. 1:1 беше резултатот на полувреме. По три минути од продолжението, Мартин Мирчевски погоди за Македонија и водство од 2:1, а во 78. минута Стефан Лазаревиќ постигна погодок за 3:1. Сепак, во последните пет минути од контролната пресметка, Тетекс успеа да постигне два гола преку Мурџески и Ослоновски и успеа да избегне пораз од составот на македонската репрезентација предводен од Горан Станиќ.

Македонија под 19:
Илиќ (од 46м. Целески), Боцевски (од 53м. Наумоски), Каранфиловски  (од 60м. С. Херера),  Аломеровиќ (од 68м. Лaзаревиќ), Дигаловски (од 63м. Манчев), Јевтовски (од 57м. Здравковски), Георгиев (од 42м. Крстевски), Шопоски (од 57м. Перчинков), Стојановски (од 46м. Селмани), Мирчевски  (од 65м. Кочоски), Петковски (од 60м. Гомез)

Тетекс:
Павлов, Попзлатанов, Атанаскоски, Мишковски, Стојкоски, Османовски, Филиповски, Мурџески, Чурлинов, Христов, Ослоновски.  Силјановски, Јордановски,

Уште играа: Цветановски, Костадинов

Нема коментара:

Постави коментар