КОНСТАНЦА ОСТАНУВА СО ОПЦИИ ЗА ОДБРАНА НА РОМАНСКАТА КУП ТИТУЛА
Констанца на
Звонко Шундовски и Бранислав Ангеловски обезбеди пласман во полуфиналето на
Купот на Романија во ракомет. По домашниот пораз од Поли Темишвар со 26:28,
екипата на Констанца надополни на гостувањето и го совлада тимот на Поли
Темишвар со 24:27 (16:13). Чутура со 10 и Ракчевиќ со 5 гола беа најзаслужни за
победата.
Така и покрај многуте проблеми актуелниот првак и победник на
романскиот Куп, остана во борба за одбрана на Куп титулата. Одореи со 7 гола на
Мајнов и 2 на Кузмановски исто така ќе игра во полуфиналето по победата од
33:39 во Васлуи. Во мај следува Final four на четири екипи кои ќе се борат за трофејот.
Нема коментара:
Постави коментар