Powered By Blogger

8. 2. 2015.

Црногорски голман пред потпис со Пелистер?

НА ПОВИДОК ЗАСИЛУВАЊЕ НА ГОЛМАНСКАТА ПОЗИЦИЈА ЗА БИТОЛСКИОТ ПРВОЛИГАШ
Пелистер загрижен од повредата на Пашовски, се одлучи да потпише договор со уште еден квалитетен чувар на мрежата. Недостига само потпис и  црногорскиот интернационалец Милош Драгојевиќ ќе стане нов член на Пелистер.
26 годишниот Драгојевиќ е продукт на школата на Будуќност, а до минатата есен настапуваше на „Карабурма„ за ОФК Београд. Покрај за овие два клуба, 190 сантиметри корпулентниот чувар на мрежата бранеше и за Видзев Лоѓ во полската прва лига, а имаше и кратки искуства во Младост Подгорица и Братство Цљевна.

Нема коментара:

Постави коментар