ПОЛОВИЧЕН УЧИНОК НА МАКЕДОНСКИТЕ ИНТЕРНАЦИОНАЛЦИ ВО АЛБАНСКАТА ЛИГА
Втор меч и втора
пролетна победа за фудбалерите на Тирана, за која од новата година настапува и
македонскиот интернационалец Кире Ристевски. Битолчанецот ги одигра сите 90
минути за Тирана на гостувањето кај Влазнија, кој екипата од главниот град го
доби со 0:1 со голот на Бакај во 31 минута.
Битолчанецот кој како слободен
фудбалер од Славија Софија се врати во албанската лига, како централен
дефанзивец одигра одличен меч и го искачи својот тим на делба на првото место на
табелата со 44 бода, исто колку и Кукуш. Скендербег на Ацо Стојков одигра само
0:0 на домашен терен против Лаци и остана на третото место со 40 бода, но и
натпревар помалку. Во наредното 21 коло на 14 февруари, Тирана го дочекува
бившиот клуб на Ристевски, Елбасан. Скендербег му гостува на фенерџијата
Аполона Фиер.
Нема коментара:
Постави коментар