ПРВА ПОБЕДА НА БИТОЛСКИОТ ПРВОЛИГАШ НА ТУРСКИТЕ ПОДГОТОВКИ
Пелистер -
Колкхети Поти 2:0 (0:0)
Стрелци:
Љамчевски во 75 и Речковски во 90 минута за Пелистер
Стадион во Белек,
Анталија - Турција. Гледачи: 200
Стрелци:
Пелистер:
Ристевски, Петковски, Чешмеџиев, Велковки, Смоковски,
Тодоровски, Мустафов, Митиќ, Љамчевски, Сулејмани, Цилиридис
Уште играа: Трифуновски, Миленковски, Распашковски,
Мирчевски, Речковски
Во вториот
контролен натпревар во Анталија, Пелистер го совлада грузискиот Колкхети Поти
со 2:0 во најпозитивниот натпревар на екипата на Хаџиевски на подготовките во
Турција. Во тврд натпревар во кој зелените настапија со шаренолик и млад состав,
во последните 15 минути го скршија отпорот на Колкхети Поти. По акцијата на
резервистот Филип Миленковски, резултатот го отвори Петар Љамчевски во 75
минута. Кога грузијците се отворија и оставија простор за контранапад,
Речковски во судиското надополнување ги постави финалните 2:0. Тимот на
Хаџиевски пак настапи без Пашовски, Степановски, Анастасов, а првите минути во
Турција ги одигра младиот Мирчевски. Следниот тест натпревар Пелистер ќе
го одигра на 11 февруари против Дебрецен.
Нема коментара:
Постави коментар