НОВ БИТОЛЧАНЕЦ НА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО ВО АЛПСКО СКИЈАЊЕ
Битолскиот скијач во алпски дисциплини Марјан Нашоку ќе се
натпреварува на светското првенство во алппско скијање во Веил и Бивер Крик,
Колорадо (САД) кое ќе се одржува во периодот од
02.02.2015 до 15.02.2015. 19
годишниот Нашоку заедно со Антонио Ристевски, Дардан Дехари и Лука Божиновски,
под водство на селекторот на македонската алпска скијачка репрезентација, Иван Лесевски.
Марјан Нашоку ќе се
натпреварува во дисциплината велеслалом
и се надевме дека достојно ќе ја репрезентира Битола и Македонија. Покрај учеството на европските младински олимписки
игри во Либерец, Марјан
Нашоку беше и првиот учесник од Македонија на младинските олимписки
игри во Инсбрук во 2012 год,
а зад себе има и учество во квалификациите на светското првенство во Шладминг
во 2013 година. Со тоа уште
еднаш се докажува дека Битола е расадник на талентирани, млади, но и врвни
скијачи, а скијањето еден од најуспешните спортови на кој треба во иднина да се
посвети поголемо внимание за што градот
има можности и потенцијали.
Нема коментара:
Постави коментар