Powered By Blogger

4. 2. 2015.

Пелистер утре со казахстански, а в недела со грузиски противник


ПО ДВАТА ПРИЈАТЕЛСКИ МЕЧА ВО МАКЕДОНИЈА, ПЕЛИСТЕРЦИ ОД УТРЕ ТЕСТИРААТ И ВО АНТАЛИЈА
По денешната двојна тренинг сесија, фудбалерите на Пелисстер утре го играат првиот контролен натпревар во Анталија, а за противник го имаат клубот од Казахстан, Шахтар Караганди. Казахстанците се единствени кои се сместени во хотелот „Ела Квалити„ заедно со битолчани, па ова ќе биде дуел на комшиите.
Во меѓувреме клубот го договори и вториот пријателски меч во слободниот термин в недела. Грузиската екипа Колкети Поти е наредниот ривал на момците на Ѓоко Хаџиевски. Оваа екипа е двоен првак на Грузија и важи за една од најстарите екипи во оваа земја. Наредната недела в среда следи мечот со Дебрецин, а в сабота на 14 февруари и дуелот со полската екипа, Висла Плок. Повредените фудбалери добро се опоравуваат и можеби некои од нив ќе имаат можност да заиграат наредната недела.

Нема коментара:

Постави коментар