НОВИ ДВА ПОВРЕДЕНИ ФУДБАЛЕРИ ВО ПЕЛИСТЕР ПО СОЛИДНИОТ НАСТАП ПРОТИВ ШАХТАР КАРАГАНДИ
Тренерот на
пелистерци, Ѓоко Хаџиевски е задоволен од прикажаното на првиот контролен
натпревар, кој зелените го загубија од казахстанскиот Шахтар Караганди со 1:0.
Пелистерци играа многу порамноправно со силен и многу поскап ривал и тоа многу
ќе им значи пред наредниот тест, в недела против грузискиот Колкхети Поти.
Сепак грижи носат повредите на Станоевиќ и Билали, кој 10 дена ќе бидат надвор
од фудбалските терени и веројатно нема да настапат на мечевите во Анталија.
Добро се опоравуваат капитенот Пашовски, Анастасов, Мирчевски и Степановски, а
во Битола трае рекуперацијата на Крстески, Трајковски и Талевски.
Нема коментара:
Постави коментар