Powered By Blogger

19. 2. 2015.

Битолчани воодушевени од подготовките, но загрижени од повредите

НА ОСУМ ДЕНА И ДВА КОНТОЛНИ ТЕСТА ДО ФУДБАЛСКАТА ПРОЛЕТ, ПЕЛИСТЕРЦИ СО „ПОЛНИ АКУМУЛАТОРИ„ НО И СО МНОГУ ИЗОСТАНОЦИ
Неполна недела фудбалерите на Пелистер тренираат под Тумбе кафе и ја минуваат последната фаза пред пролетниот дел од шампионатот. Зелените минаа 14 дена во Белек, Анталија во кои се подготвија како никогаш до сега, но загрижуваат повредите кои се помногубројни.
Последни на листата на недоволно спремни се Миле Петковски и Петар Љамчевски, кои нема да играат в сабота против Влазрими. Десниот бек се жали на болки во коленото и превентивно ќе мирува, а фудбалерот за врска има повреда на грбот и неизвесно е дали ќе се опорави за мечот со Брегалница. „Минавме одлични подготовки, игравме против силни и квалитетни противници и од таа страна сме презадоволни. Штета за повредите. Чувствувам болки во грбот и веќе 2-3 дена не тренирам, но ќе дадам се од себе да се опоравам за мечот наредниот викенд„ вели Љамчевски. Бавно оди процесот на опоравување на двајцата центерални дефанзивци Александар Крстески и Методија Степановски, а комплетно опоравени се Анастасов, Трајковски, Талевски и Мирчевски. Неизвесно е кога ќе биде фит Билали. Добри вести доаѓаат од настапот за нашата селекција под 19 години, каде креативецот на битолчани Мартин Мирчевски постигна гол во ремито против Тетекс (3:3). В сабота против Влазрими и во вторник со Победа во Битола, Хаџиевски ќе го искристализира тимот, кој ќе истрча на 1 март против Брегалница. Во Битола владее ентузијазам и големи очекувања и под Тумбе кафе најверојатно ќе има рекордна посета за мечот со штипска Брегалница.

Нема коментара:

Постави коментар