НА 12 ДЕНА ДО ФУДБАЛСКАТА ПРОЛЕТ, ПЕЛИСТЕР, ЧКЕМБАРИТЕ И ФФМ НА ЗАЕДНИЧКА ТРКАЛЕЗНА МАСА
ФФМ од Битола ја
започна својата кампања за подобрување на организацијата на фудбалските
натпревари оваа пролет и за максимална безбедност на гледачот на нашите
стадиони. Така на тркалезна маса присуствуваа делегатите за безбедност при ФФМ,
челниците на ФК Пелистер, комесарот за безбедност на битолскиот клуб и претставници
на навивачката група „Чкембари„.
Во неколку часовна конструктивна дискусија
констатирано е дека минатата есен на мечевите под Тумбе кафе мечевите беа добро
организирани и единствениот инцидент се случи во 1 коло на „вечното дерби„
против Вардар. Во меѓувреме продлабочени се обидите да не се слушаат
националистички скандирања на трибините.Ова е само почеток на серијата состаноци на ФФМ со навивачките групи и клубовите, како мечевите од нашата најсилна категорија да бидат безбедни и перфектно организирани.
Нема коментара:
Постави коментар