Powered By Blogger

30. 7. 2014.

Тренерска смена во Младост Царев двор

НЕОЧЕКУВАНО ЗАМИНУВАЊЕ НА ТРЕНЕРОТ КОЈ ГО ВНЕСЕ МЛАДОСТ ЦАРЕВ ДВОР ВО ВТОРАТА ЛИГА
Еден од најзаслужните за историската прва промоција на второлигашот Младост Царев двор, младиот битолски тренер Кире Стерјов поднесе неотповиклива оставка од местото шеф на стручниот штаб.
Стерјов обелодени дека се повлекува од приватни причини, но ќе остане да работи како координатор на фудбалската школа на Младост Царев двор. Деновиве клубот ќе го назначи неговиот наследник. Стерјов со неговите пулени направи голем подвиг со промоцијата во Втората лига, елиминирајќи ги Зајас и Победа во плеј-офот. Младост во последниот тест во Охрид загуби од албанската екипа Тирана со 2:1. 

Нема коментара:

Постави коментар