Powered By Blogger

25. 7. 2014.

Двајца гвинејци на проба во Пелистер

ДАЛИ ЗА ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА ЗА ПЕЛИСТЕР ЌЕ ЗАИГРААТ АФРИКАНЦИ?
Продолжува екипирањето на Пелистер по административните промени кои се случија деновиве. На денешниот тренинг под Тумбе кафе се појави двајца фудбалери од Гвинеја кои во наредните 7-8 дена ќе минат кратка проба во битолскиот клуб.
Се работи за двајца млади фудбалери од по 20 години кои имаат кратко тренинг искуство со грчкиот Ираклис. Фудбалерот за врска Насир Диаби и напаѓачот Силестин Салас Сангари само што пристигнаа во Битола го одработија првиот тренинг под водство на новиот тренер на Пелистер, Марјан Секуловски. Двајцата ќе настапат утре од 17:30 часот под Тумбе кафе на пријателскиот меч со второлигашот Напредок. 

Нема коментара:

Постави коментар