Powered By Blogger

28. 7. 2014.

Билетите за Вардар во продажба од среда по цена од 100 денари

ГОЛЕМ ИНТЕРЕС ЗА „ВЕЧНОТО ДЕРБИ„ В НЕДЕЛА ОД 17:30 ЧАСОТ
Иако имаат полни раце работа во сите структури на клубот, првите луѓе на Пелистер ја започнаа неделата во која главен приоритет е добро да се подготви мечот со Вардар в недела од 17:30 часот, со кој се отвора новиот шампионат на Македонија.
Билетите за мечот ќе бидат пуштени во продажба на пунктови и низ локалите на Широк сокак од среда, а в недела ќе можат да се купат и под Тумбе кафе. Тие ќе се купуваат по цена од 100 денари и нема да бидат дел од сезонскиот комплет кој ќе биде пуштен во продажба од третото коло. Во меѓувреме новите раководни луѓе на Пелистер ќе имаат состаноци со навивачката група „Чкембари„ околу нивната соработка и подготовките за „вечното дерби„. 

Нема коментара:

Постави коментар