ПО ОСУМ ДЕНА ПОДГОТОВКИ, ПЕЛИСТЕР НА ДРАГАН БОЧЕВСКИ СТАРТУВАШЕ СО ПОБЕДА
Пријателски меч:
Пелистер -
Младост Царев двор 2:0 (1:0)
Градски стадион
под Тумбе кафе - Битола. Гледачи: 300
Судија. Благојче
Ралевски (Битола)
Стрелци:
Миленковски во 29 и Алтипармаковски во 88 минута за Пелистер
Пелистер:
Пашовски, Динчев,
Атанасовски, Магловски, Петковски, Анастасов, Ристевски, Трајковски, Мустафов,
Миленковски, Марковски
Уште играа:
Апостоловски, Љамчевски,
Митревски, Тодоровски, Кузманов, Јоциќ, Поповски, Таири, Алтипармаковски,
Велевски
Младост Царев
двор:
Коруновски,
Елмазовски, Пановски, Гроздановски, Недановски, Лазаревски, Т. Вељановски, Рамадан,
Елмазовски, З. Талевски. И. Клечкароски, Калевски
Уште играа:
Николовски, Тодороски,
Сркевски, Талевски, Соколовски, Ивановиќ, Даралиевски, Јосифовски
По топло време
првиот тест на пелистерци започна претпазливо против амбициозниот нов
второлигаш Младост Царев двор. Во првиот дел за издвојување е водечкиот гол на
Филип Миленковски по неполн половина час. Брзоногиот страничен фудбалер на
Пелистер го искористи брзиот контранапад и со префинет лоб го совлада Пеце
Коруновски. Во вториот дел со серија на замени ритамот опадна и бројот на зрели
шанси драстично се намали. На две минути до крајот на средбата, по акцијата на
повратникот во зелениот дрес Дејан Велевски, напаѓачот Марјан Алтипармаковски
изби сам пред гостинскиот голман, го мина и ја погоди мрежата за Младост Царев
двор за финални 2:0. По осум дена напорни тренинзи, избраниците на Драган
Бочевски забележаа важна победа за самодоверба и за позитивен тек на
подготовките на битолчани.
Нема коментара:
Постави коментар