Репрезентативното десно крило Златко Мојсоски по неколку сезони минати во Металург ќе бара нова средина, откако не доби продолжување на договорот со актуелниот македонски првак.
Сега нова дестинација на Мојсоски би требало да биде Зомимак М или Пелистер. Двете екипи би биле добро место за одржување на формата, зашто со играњето Мојсоски пак ќе биде во фокусот на вниманието на селекторот Ивица Обрван за претстојното СП во Катар. Мојсоски потекнува од струшката ракометна школа, и покрај за Струга, има настапувано и за Пелистер, Вардар и Металург.
Нема коментара:
Постави коментар