КАКО ШТО ЈА ЗАВРШИЈА ПРЕТХОДНАТА СЕЗОНА, ПЕЛИСТЕРЦИ ЌЕ ЈА ПОЧНАТ НОВАТА
По една недела
тренинзи зад нас овие денови фудбалерите на Драган Бочевски ќе имаат двојна
тренинг сесија и в недела од 18 часот под Тумбе кафе ќе го одиграат првиот
контролен натпревар против новиот второлигаш Младост Царев двор.
Екипата преполна со битолчани и бивши фудбалери на Пелистер ќе биде првиот спаринг партнер на пелистерци од вкупно 6,7 контролни мечеви кои се предвидени во предсезоната. Во екипата на Младост настапуваат многу бивши членови на клубот од под Тумбе кафе: Коруновски, Ивановиќ, Тони Вељановски, Лазаревски, Елмазовски, Пановски, И. Клечкароски, Н. Клечкароски, Талевски, Петковски како и стручниот штаб составен од Кире Стерјов и Васко Стојчевски. На крајот од претходната сезона двете екипи се сретнаа на контролен меч во Битола и Младост Царев двор победи со 3:1.

Нема коментара:
Постави коментар