НАЈАВЕНО ПРВОТО ГОЛЕМО ЗАСИЛУВАЊЕ НА ПЕЛИСТЕР ЗА НОВАТА РАКОМЕТНА СЕЗОНА
Десниот бек од Целје Пивоварна Лашко, Црногорецот Стефан
Чавор (19) е на пат да дојде во Битола и во новата сезона да игра за Пелистер,
а веќе и почнати се преговори со играчот кој зад себе има искуство со играње и
во шпанска АСОБАЛ лига.
Откако битолчани го објавија буџетот за следната сезона, кој треба да биде меѓу 250 и 300 илјади евра, „скокнаа“ и амбициите. Сега се бараат квалитетни играчи, пред се голман и десен бек. Управата овојпат не сака да ја повтори грешката од сезонава кога донесе неколку засилувања со просечен квалитет и добра сума на пари беше потрошена за сертификати и авионски билети и сместување за играчите, кои не го оправдаа квалитетот. Чавор лани играше во Словенија, а настапи и во осминафиналниот меч од Лигата на шампионите меѓу Целје и Фленсбург. Во сезоната 2012/2013 постигна еден гола за Целје во ЛШ. Претходно настапуваше и за Хуеска во Шпанија, иако имаше договор со Атлетико Мадрид како талентиран играч. Сѐ уште нема информација дали пелистерци ќе се решат веднаш да прават екипа со која ќе се обидат да му конкурираат на Зомимак М во домашното првенство, или пак ќе одат на уфрлување на играчи од младинските категории со неколку засилувања.

Нема коментара:
Постави коментар