Powered By Blogger

3. 7. 2014.

Пелистер тргнува на 5 август со буџет од 300.000 евра

ДЕФИНИРАНИ ДЕТАЛИТЕ ОКОЛУ НОВАТА СЕЗОНА НА РК ПЕЛИСТЕР
Некогашната ракометна гордост на Битола и на Македонија, РК Пелистер ги утврди деталите за патешествието во новата сезона. На денешниот состанок на раководството на клубот и спонзорот Силјан Мицевски, утврдено е дека клубот ќе располага со буџет од 250.000 до 300.000 евра идната сезона.
Клубот ќе се потпре на млад состав, без нови странски засилувања, а целта ќе биде третото место во домашното првенство. Екипата се пријави во Челинџ-купот за сезоната која следува и во тоа се полагаат надежи за поголема промоција на ракометот во Битола, кој веќе неколку години има само споредна улога. Тренерот Игор Николовски и понатаму ја има довербата од раководството, а негов помошник ќе биде Кире Поповски. Од Пелистер си заминаа Филип Чурлевски (МРК Вардар) и Дарко Георгиевски, кој потпишал за клуб од третата француска лига. Црногорскиот репрезентативец Даниел Вукичевиќ има важечки договор и потребно е целосно да заздрави по повредата за да се врати на терените. Крис Нкунгуа останува во екипата, а продолжуваат преговорите и со Сергеј Бесараб. Подготовките треба да почнат околу петти август, а дотогаш ќе се работи на завршување на договорите и на преговорите со новите засилувања.

Нема коментара:

Постави коментар