ДОЛГООЧЕКУВАНИТЕ ПРОМЕНИ ВО БИТОЛСКИОТ ПРВОЛИГАШ КОНЕЧНО ЌЕ СЕ СЛУЧАТ ПОПЛАДНЕВО
Пелистер ги реши
структуралните проблеми и иако со големо задоцнување од денес врти нова
страница во својата историја. На само десет дена до почетокот на шампионатот,
Пелистер ќе добие нов борд на директори кој ќе го води клубот во иднина.
Неофицијално тој ќе биде составен од успешни бизнисмени и луѓе кои ќе можат да го надградат имиџот на клубот. Комбинација на битолски стопанственици како претставници на новиот мнозински акционер и на Општина Битола, која и натаму ќе учествува во акционерскиот пакет. За имињата и раководните функции, фудбалерите и јавноста ќе дознаат вечерва пред редовниот тренинг кога на состанок под Тумбе кафе ќе бидат претставени новиот претседател, веројатно новиот стручен штаб и можеби и некој нов фудбалер. Заклучно со 15 јули заврши договорот со тренерот Драган Бочевски, со кого Пелистер го освои шестото место во шампионатот и играше во четвртфиналето на Купот. Неофицијално нема да му биде понуден нов договот. Во последен момент Пелистер успеа да го обезбеди враќањето на Менде Степановски кој веќе ги договори сите детали со Ренова, но по последниот обид на битолчани и заради приватни причини, Степановски одлучи да ја предводи одбраната на својот матичен клуб. Со заминувањата на Драгарски и Ковачев, оваа линија веројатно беше најургентна за санирање. Исто така во зелениот дрес се враќа Гоце Тодоровски, кој до минатата сезона го носеше дресот на Еуромилк. Најверојатно екипата ќе дефинира еден или два контролни натпревари до крајот на оваа недела, како тимот подготвен да го дочека мечот со Вардар на 3 август. До овој момент зелените водени од Драган Бочевски ги добија двата контролни меча со Младост Царев двор со 2:0 и Ренова со 4:0.

Трка со времето
за оспособување на стадионот под Тумбе кафе
Веќе втора недела
на стадионот под Тумбе кафе се избршуваат потребните корекции, реновирања,
доградувања како битолскиот прволигаш и Општина Битола која е сопственик на
објектот, да одговорат на барањата на телото задолжено за инфраструктурата при
ФФМ. Иако последната инспекција ќе следи овој викенд, постои умерен оптимизам
дека „Тумбе кафе„ ќе биде оспособен за „вечното дерби„ Најголемата дилема се
однесува за поставување на столчиња на големата трибина. Тие беа поставени во
2000 година пред мечот со Селта, но не издржаа ни една деценија да не бидат
оштетени или комплетни искршени.
Нема коментара:
Постави коментар