БИВШИОТ ТРЕНЕР НА ПЕЛИСТЕР СЕ ВРАЌА НА КЛУПАТА НА ПРВАКОТ НА КОСОВО
Бившиот
репрезентативец на Македонија, а минатата сезона и тренер на Пелистер, Томче
Петрески е наименуван за нов тренер на првакот на Косово Беса Фамилија од Печ.
Ова е враќање на прилепчанецот во клубот во кој работеше пред неколку години пред да се врати во Битола, каде живее и работи до ден-денес. Петрески со Беса во првото коло на ЕХФ Купот ќе игра против естонската екипа Кера. Првиот меч се игра во Печ на 6 септември, а возвратниот во Естонија една недела подоцна. Во екипата на Беса неколку години настапува голманот Дупјачанец, како и бившиот ракометар на Вардар, босанецот Кукрика. Петрески в понеделник ќе се појави на прозивката на Беса со нескриени амбиции за нова титула во националниот шампионат на Косово.

Нема коментара:
Постави коментар