НА ЕДЕН МЕСЕЦ ДО ПОЧЕТОКОТ НА НОВИОТ ШАМПИОНАТ, ПЕЛИСТЕР ОСТАНА БЕЗ ТЕРЕН ЗА НАТПРЕВАРИ
Се отвора нов
голем проблем за битолскиот фудбал и за ФК Пелистер. На Градскиот
стадион во Тетово, каде како домаќини се јавуваат Шкендија и Ренова, на
стадионот „Железарница“ во Автокоманда каде домаќин е Металург и на „Тумбе
Кафе“ во Битола не може да се играат натпревари од Првата лига, утврди ФФМ
согласно извештајот на Телото за инфраструктура.
Управниот одбор на ФФМ го усвои извештајот за стадиони на Телото за инфраструктура при Фудбалската федерација на Македонија во однос на исполнувањето на предвидените услови и критериуми за одигрување на натпревари од Првата и од Втората лига, според кој сега Шкендија, Ренова, Металург и Пелистер нема да може да своите терени да играат прволигашки натпревари.

Нема коментара:
Постави коментар