Powered By Blogger

1. 7. 2014.

И од Србија Илиевски се врати со место на подиумот

ТРАЕ ФАНТАСТИЧНАТА СЕЗОНА ВО ИСТОЧНО-ЕВРОПСКИОТ ШАМПИОНАТ НА ХРИСТИЈАН  ИЛИЕВСКИ
На трката која викендов се возеше во Голобаре во Србија, македонскиот мото-крос возач Христијан Илиевски пак се искачи на подиумот. Битолчанецот пристигна во Глобаре со цел да ја намали разликата во генералниот пласман од водечкиот Радута, но и да ја зголеми во однос на третопласираниот Тотев.
Патеката во Глобаре се покажа како техничка патека на која и жегата беше противник на возачите. На првата трка во МХ1, Илиевски возеше рамо до рамо со хрватот, Хрвоје Карас но за жал до крајот на првата трка не успеа да го помине и мораше да се задоволи со второтo место. Стартот на втората трка во МХ1 беше проблематичен за Илиоски, кој по првиот свиок беше петти, но до крајот успеа машки да се избори за третата позиција, и вкупно на крајот од денот да биде со исти бодови како Адријан Радута кој заврши како второпласиран. Заради подобриот учинок на романецот на втората трка, Кико мораше да се задоволи со пехарот за трето место. Но и ова е огромен успех за Илиевски, кој од почетокот на сезоната до сега, од сите трки се враќа со пехари. Во генералниот пласман Илиевски е на втората позиција со 191 бод, 18 помалку од Адријан Радута (Романија) кој собра 209, а зад него е Тодор Тотев (Бугарија) со 175 бода. Следната трка од Источно-Европскиот шампионат во мотокрос се вози на 30 и 31 август на патеката Самоков во Бугарија.

Нема коментара:

Постави коментар