И ВО ТРЕТИОТ КОНТРОЛЕН НАТПРЕВАР, ПОБЕДА ЗА ПЕЛИСТЕРЦИ БЕЗ ПРИМЕН ГОЛ ВО ПРЕДСЕЗОНАТА
Пријателски меч
Пелистер - Напредок 2:0 (2:0)
Пелистер - Напредок 2:0 (2:0)
Градски стадион
под Тумбе кафе. Гледачи: 500
Главен судија:
Благојче Ралевски
Асистенти: Пеце
Кичевски и Јовче Кокевски (сите од Битола)
Стрелци:
Ристевски во 30 и Марковски во 45 минута за Пелистер
Жолти картони:
Петковски, Анастасов и Крстевски (Пелистер) и Лазарески (Напредок)
Пелистер:
Пашовски,
Петковски, М. Степановски, Крстески, Миленковски, Љамчевски, Анастасов,
Мустафов, Ристевски, Трајковски, Марковски
Уште играа:
Апостоловски,
Велевски, Атанасовски, Магловски, Диаби, Салас Сангари, Динчев, Мирчевски,
Вржевски, Поповски, Јоциќ
Напредок:
Гоновски,
Талески, К. Степановски, Калајџиоски, Балажи, Небиу, Спиркоски, Вренцоски,
Секулоски, Никовиќ, Келешоски
Уште играа:
Зердески, Петрески,
Колески, Грданоски, Лазарески, Стојкоски, Затуркоски, Зекири
На претпоследниот
тест пред стартот на есенскиот дел од новата сезона, фудбалерите на Пелистер го
„положија испитот„ и во допадлив меч по топлото и спарно време под Тумбе кафе,
го совладаа второлигашот Напредок со 2:0. Иако кичевчани 10-15 минути беа
рамноправни, зелените подоцна „нагазија„ и до одморот постигнаа два гола и
креираа уште 4-5 зрели шанси за гол. По половина час игра младиот и полетен
Јове Трајковски во слалом ја мина гостинската одбрана и го проигра Диме
Ристевски, кој од неколку метри ја втурна топката зад грбот на Гоновски. Истиот
фудбалер и Филип Миленковски во наредните 7-8 минути имаа уште две колосални
шанси за втор гол. Тој гол дојде во последните минути од првиот дел. Петар
Љамчевски одлично повлече, го пронајде Филип Миленковски по левата страна, овој
по земја центрираше, а Благојче Марковски на втора статива натрча и по втор пат
го принуди Никола Гоновски на капитулација. Во вториот дел темпото на игра
опадна, шанса добија и африканците Диаби и Салас Сангари, а и двата тренери
Секуловски и Матески шанса им дадоа на сите фудбалери од клупата, меѓу нив и на
неколку младинци. Напредок најблиску до гол беше во 76 минута, кога ударот на
Секулоски заврши во пречката. На една недела до мечот со Вардар, расте
оптимизмот кај битолчани, кои во среда ќе одиграат уште еден контролен
натпревар пред „вечното дерби„.
Нема коментара:
Постави коментар