Powered By Blogger

26. 7. 2014.

Ристевски стартер како лев бек, бод за Славија во Пловдив

ВТОР МЕЧ ПО РЕД, РИСТЕВСКИ ИГРА ОДЛИЧНО И КАКО ЛЕВ БЕК ВО ДРЕСОТ НА СЛАВИЈА ОД СОФИЈА
Во еден од најинтересните мечеви од второто коло на бугарскиот фудбалски шампионат, Славија од Софија со Кире Ристевски кој настапи во текот на сите 90 минути, одигра 1:1 на гостувањето кај Локомотив во Пловдив.
Со голот на Кики во 31 минута домаќините поведоа со 1:0, а бразилецот Платини израмни за бело-црните во 51 минута. Како и на првата средба, Ристевски играше како лев бек и заработи високи оценки од бугарските медиуми. Во наредното трето коло на 3 август, Славија ја дочекува ЦСКА Софија во градското дерби. Утре Берое на Стефан Спировски на домашен терен игра со Ботев од Пловдив во Стара Загора. 

Нема коментара:

Постави коментар