И ПОКРАЈ СТРАВУВАЊАТА МЕЧОТ ПЕЛИСТЕР - ВАРДАР ЌЕ СЕ ИГРА ВО „ДОМОТ„ НА ПЕЛИСТЕРЦИ
Вечното фудбалско дерби меѓу Пелистер и Вардар кое треба да е шлагот на воведното коло од новата сезона во Првата лига ќе се игра во Битола, в недела од 17:30 часот и покрај тоа што од лиценцната комисија на ФФМ пред неполн месец беше оценето дека „Тумбе кафе“ не може да биде домаќин на прволигашки натпревари.
Ова за порталот „Спортмедиа„ го потврди претдседателот на натпреварувачката комисија, Васко Дојчиновски, кој сѐ уште чека дефинитивна одлука околу теренот на одигрување на мечот, но речиси сигурно е дека тоа ќе биде домашниот стадион на битолчани. „Денеска до 13 часот треба дефинитивно да биде потврден стадионот на кој ќе се игра мечот, но најверојатно тоа ќе биде „Тумбе кафе“. Во Битола се извршени поправки на стадионот откако беше оценето дека не ги задоволува стандардите за средби од Првата лига, а реновирањето ќе продолжи и понатаму„ објасни Дојчиновски.

Нема коментара:
Постави коментар