Powered By Blogger

22. 5. 2014.

Констанца ја заверува титулата и тројната круна

ВЕРОЈАТНО ОВОЈ ВИКЕНД КОНСТАНЦА ЌЕ ЈА ПОТВРДИ ТИТУЛАТА ШАМПИОН НА РОМАНИЈА
Екипата на Констанца, во која игра Бранко Ангеловски, а тренер е Звонко Шундовки, дојде на еден натпревар до одбрана на титулата во романското ракометно првенство, откако вечерва ја совладаа Турда со 35:28 (18:11).
Во третиот, предпоследен круг натпревари од плејоф-фазата Констанца играше за каква било победа, затоа што сега може да си дозволи и пораз во посленото коло, против главниот конкурент, Бакау, но не повисок од осум гола разлика. Во првиот меѓусебен меч Констанца победи со 27:18 и затоа неделниот гостински натпревар ќе претставува повеќе формалност, отколку некаков вистински испит за титулата.

Нема коментара:

Постави коментар