ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД, НАЈДОБРИТЕ МЛАДИ РАКОМЕТАРИ ЗА ТИТУЛАТА ЌЕ СЕ БОРАТ ВО СПОРТСКАТА САЛА „МЛАДОСТ„
Втора година по
ред Битола и спортската сала Младост ќе бидат домаќини на завршниот турнир, кој
ќе го даде шампионот на Македонија во ракомет во младинска категорија. В недела
на 11 мај со целодневна програма, Final four турнирот ќе го отворат Пелистер и штипски
Текстилец од 10:15, а веднаш потоа од
11:45 следува скопското дерби помеѓу Вардар и Металург.
Поразените екипи ќе играат меѓу себе од 16:30 часот во мечот за третото место, а финалето е од 18:15. Титулата од минатата година ја брани Пелистер, а овој пат борбата за трофејот ќе биде уште поинтересна. Најавено е гостување на челниците на РФМ, како и на голем број љубители на ракометот и не само од Битола.

Нема коментара:
Постави коментар