ПОБЕДА НА БИТОЛСКИ ПЕЛИСТЕР ПРОТИВ МЕТАЛУРГ ЈУНИОР ВО ПРВИОТ ПРВЕНСТВЕН МЕЧ СО НОВИОТ ТРЕНЕР
Металург Јуниор - Пелистер 20:24 (8:11)
Спортска сала во
Автокоманда - Скопје. Гледачи: 200
Судии: Дејан и Димитар Георгиевски од Скопје
Делегат: Папуџиев Драги од Скопје
Металург Јуниор:
Даниловски, Ивановски, Бошковски 2, Бешлиевски,
Борј.Маџовски 1, Костески 2, И.Крстевски, Манасков, Велковски 3, Маркудов,
Талески 3, Давитковски, Матијашиќ 1, Бој.Маџовски, Г.Крстевски 7, Палевски 1
Седмерци: 6/5
Исклучувања: 4 минути.
Пелистер:
Нкунгуа,
Талевски, Јанев 1, Дрогишки 5, Блажески 1, Димитровски 6, Јуравлиов, Илиевски
3, Вешоски, Филиќ, Георгиевски 6, Кузмановски 2, Вакарук, Чурлески, Божиновски, Бесараб.
Седмерци: 4/4
Исклучувања: 6 минути.
Ракометарите на
Пелистер му се реваншираа на тимот на Металург Јуниор за мартовскиот пораз пред
почетокот на плеј-офот. Тренерот Игор Николовски ја забележа втората победа по
онаа во Купот против првологашот Прилеп (20:24) (8:11) . Металург Јуниор ја загуби и шестата средба во плејофот на
македонското првенство. Гостинската екипа имаше повеќе од играта и во поголем
дел од средбата го контролираше резултатот. Веќе во 10. минута Пелистер водеше
со предност од 4 гола (2:6), а истата предност ја имаше и во
25 минута, (6:10). Полувремето заврши со резултат
8:11. Фуриозно го почнаа вториот дел домашните ракометари. Во 35. минута беше 11:11, а во 35. минута тие го имаа и првото водство, (12:11). Од тој момент почна
резултатската нишалка во која и двете екипи се менуваа во водство. Последен пат
скопјани имаа тесна негатива во 56 минута, (19:20), а потоа гостите искористија неколку грешки
и ја завршија средбата со убедлива победа од 4 гола разлика, максимална на
денешната средба.
Нема коментара:
Постави коментар