Powered By Blogger

11. 5. 2014.

Текстилец ги изненади пелистерци, штипјани во финалето со Вардар

СЕДМЕРЦИТЕ ГИ ОДЛУЧИЈА ДВЕТЕ ПОЛУФИНАЛИЊА НА МЛАСИНСКИОТ FINAL FOUR ВО БИТОЛА
Голема драматика и двете полуфиналиња од завршницата од ракометниот шампионат на Македонија за младинци беа решени со изведување на казнени удари. Најнапред претпладне штипски Текстилец направи големо изненадување, победувајќи го домаќинот и бранителот на титулата Пелистер со 25:24 по изведување на пенали, откако мечот по 60 минути заврши 21:21.
На две минути до крајот битолчани имаа +2 и напад, но и тоа не им беше доволно да слават. Сличен беше развојот на настаните и на второто полуфинале кое започна на пладне помеѓу Вардар и Металург. Црвено-црните водеа во текот на целиот меч, но Металург се врати во мечот и се избори за 17:17 и изведување на седмерци. Вардар имаше повеќе среќа и триумфираше со 21:19. Финалето за младинската титула помеѓу Вардар и Текстилец се игра од 18:15 часот во спортската сала „Младост„ во Битола. 

Нема коментара:

Постави коментар