ОДЛИЧЕН МЕЧ ЗА МЛАДАТА БИТОЛСКА ЕКИПА ПРОТИВ АКТУЕЛНИОТ ПРВАК
Пелистер - Вардар 24:28 (10:14)
Спортска сала
„Младост„ - Битола. Гледачи: 2500
Судии: Ѓорѓи
Начевски и Славчо Николов (Скопје)
Делегат: Душко
Камишевски (Скопје)
Пелистер:
Нкунгуа (19
одбрани), Божиновски, Вакарук, Талевски, Јанев 1, Дрогришки 3, Блажевски 1,
Димитровски 4, Јуравлиов, Илиевски, Вешовски 5, Филиќ, Ѓорѓиевски 3,
Кузмановски 1, Чурлевски 5, Бесараб 1
Седмерци: 0/0
Исклучувања: 4
минути
Вардар:
Малумбрес (2
одбрани), Милиќ (10 одбрани) 1, Козлина, Недановски, Прибак 1, Тоскиќ 3,
Раковиќ 2, Марковиќ 5, Карачиќ 2, Душебаев 5, Абутовиќ, Лазаров 3, Терзиќ,
Брумен 2, Чипурин 4
Седмерци: 4/2
Исклучувања: 12
минути
Мотивираниот
Пелистер одлично го почна мечот и французинот Крис Нкунгуа со неколку
интервенции во серија им даде крилја на соиграчите. Дрогришки и Ѓоргиевски
погодија по два пати и на половина полувреме, Пелистер прв пат поведе со 6:5.
Но вардарци ја средија одбраната, Милиќ се разбрани и со серија на лесни голови
на крилата Марковиќ и Раковиќ брзо резултатот гласеше 6:11. Сепак благодарение
на Филип Чурлевски во финишот на првиот дел, пак Пелистер фати приклучок и со
10:14 се замина на одмор. Добрата игра на одбраната и пред се на голманот
Нкунгуа, на битолчани им донесе лесни голови на Ѓорѓиевски, Вешовски и
Дрогришки за 15:17 во 40 минута. Исклучувањата на Абутовиќ и Брумен го вратија
Пелистер во мечот. Домаќините играа во транс и Чурлевски и Вешовски на половина
од вториот дел го доближија аутсајдерот до само -1. Првакот беше непрепознатлив
и никако не можеше да фати ритам. Тогаш српскиот интернационалец Тоскиќ
постигна два гола од одпадок за 19:22 во 48 минута. Цели пет минути следеа по
четири последователни реализирани напади за 23:25 на 8 минути до крајот. Зелено-белите
се понадеваа на подвиг кога одличниот кадетски репрезентативец Кузмановски и
капитенот Димиотровски се доближија до 24:26 и исклучен беше Абутовиќ. Но
Душебаев и Марковиќ погодија за 24:28 и дефинитивна победа на црвено-црните.
Битолската публика со аплаузи ги испрати двете екипи, посебно домашната која
демонстрираше силен отпор против многу поквалитетниот противник.
Нема коментара:
Постави коментар