ВО ВТОРИОТ ДЕЛ ВАРДАРЦИ ГО СКРШИЈА ОТПОРОТ НА ОДЛИЧНИОТ ТИМ НА ИГОР НИКОЛОВСКИ
Вардар -
Пелистер 33:22 (16:12)
Екипата на Вардар славеше над Пелистер со 33:22 во
претпоследното коло од плејофот во ракометната Супер лига, што претставуваше
последен натпревар за црвено-црните во „Кале“ оваа сезона.
Битолчани одиграа мотивирано и заслужија поблаг пораз од она што го кажува конечниот резултат, затоа што долго во натпреварот држеа приклучок. Последниот тесен резултат беше во 44. минута, кога Вардар имаше 20:18, но потоа направи серија од 4:0 и ја прекина неизвесноста. Во првото полувреме Пелистер имаше и водство, некаде до 15. минута (6-5), но до паузата Вардар врза четири гола по ред и направи 16:12. Раул Гонзалес беше отсутен на овој меч и екипата ја водеше неговиот заменик, Давид Дејвис. Одмори неколку ракометари, а речиси целиот натпревар играше со една бековска постава во нападот - Прибак, Терзиќ и Душебаев. Двајцата леваци се покажаа најмногу, Терзиќ беше прв стрелец со осум гола, Душебаев постигна шест. За одбележување е и извонредната партија на Петар Англелов со 11 интервенции само во првото полувреме. До крајот на првенството Вардар игра уште со Тинекс пролет, на гости, а Пелистер го пречекува Металург в недела, во мечот кој треба да го круниса новиот шампион.

Нема коментара:
Постави коментар