МАКЕДОНСКИОТ ИНТЕРНАЦИОНАЛЕЦ ВО МАЈНЦ НАРЕДНАТА СЕЗОНА ЌЕ ДОБИЕ НОВ ТРЕНЕР
Младиот германски
тренер Томас Тухел го напушти
тренерското место во Мајнц, само еден ден по завршувањето на сезоната во
Бундеслигата. Тој одлуката ја
објави на прес-конференција, објаснувајќи дека дефинитивна одлука донел во јануари.
„Тој дојде кај мене и ми кажа дека сака да ја завршиме соработката, бидејќи смета дека тимот има потреба од свежи идеи„ рече директорот на Мајнц, Хајдел. Тухел најави дека сака да се одмори некое време и ако до наредната година најде клуб заинтересиран за неговите услуги, тој ќе мора да плати обесштетување, бидејќи договорот со Мајнц, 40 годишниот тренер го врзува до 2015 година. Тухел е тренер на Новески и соиграчите во последните пет години. Најуспешна беше сезоната 2010/11, кога тој го водеше тимот до петтото место во Бундеслигата. Во неодамна завршената сезона, Мајнц се пласира на седмото место и по втор пат под водство на овој стручњак се избори за место во Лигата на Европа. Наследникот на Тухел ќе биде познат во наредните неколку недели.

Нема коментара:
Постави коментар