ИАКО МЛАДИОТ
БИТОЛСКИ ТИМ ОДИГРА ПОКВАЛИТЕТНО ОД РИВАЛОТ, РЕМИТО НЕ ИМ ЗНАЧИ НИШТО ЗА
ЕВРОПСКИТЕ АМБИЦИИ
Пелистер -
Брегалница 1:1 (0:1)
Градски стадион
под Тумбе кафе. Гледачи: 500
Главен судија:
Александар Ставрев
Асистенти: Марјан
Кировски и Дејан Костадинов
(сите од Скопје)
Делегат: Ветон Кранлиевски
(Скопје)
Стрелец: Воденичаров
во 82 минута за Пелистер, а Наумов во 16 минута за Брегалница
Жолти картони: Христов
(Пелистер), Здравков (Брегалница)
Црвени картон: нема
Пелистер:
Пашовски,
Брдаровски, Магловски, Ковачев (од 32м. Атанасовски), Јоциќ, Христов, Анастасов, Љамчевски (од 57м. Мирчевски), Мустафов, Трајковски, Воденичаров (од 68м Главевски)
Брегалница:
Божиновски,
Ѓорески, Здравков (од 77м. Андонов), Наумов, Блажески, Маркоски (од 63м. Нацев), Цветановски, Митров, Велковски (од 90м. Шишков),
Глигоров, Стојанов
Играч на
натпреварот:
Александар
Анастасов (Пелистер)
Со серија на изостаноци
Пелистер ја дочека последната шанса за излез во Европа. Против Брегалница
заради суспензија не настапија Драгарски и Миленковски, а долгата листа на
повредени ја предводат Мојсов, Петковски, Ристевски, Љубенов, Марковски и
Динчев. Елмазовски остана на клупата, а дебитираше на позицијата лев бек Дарко
Јоциќ. Веројатно најмладиот Пелистер во историјата ја дочека комплетната
Брегалница, која сеуште го немаше опстанокот в џеб. Воденичаров по само 3
минути имаше голема шанса, откако топката среќно стигна до него по слободниот
удар, но од неколку метри дозволи Блажески со лизгачки старт да изблокира. И по
првите два корнери битолчани имаа две големи шанси преку Мустафов и Љамчевски,
но на двајцата им недостигаше смиреност при завршниот удар. Од првата закана штипјани успеаа да дојдат во
водство. Капитенот Здравков центрираше од десната страна, на втора статива
осамен напаѓачот Наумов, кој од неколку метри со левата нога ја смести топката
зад грбот на Пашовски. Реакцијата на битолчани беше евидентна. Мустафов со
резантен удар од десната страна ја погоди стативата на немоќниот Божиновски, па
топката се одби во поле и опасноста по голот на штипјани беше расчистена.
Проблемите за битолчани се продлабочија откако и Мартин Ковачев се повреди, а
на негово место во игра влезе Атанасовски. И среќата не им беше сојузник на
пелистерци, бидејќи Ристе Маркоски од самата гол линија расчисти по ударот на
Мустафов. Во 39 минута гостите организираа убав контранапад, но Славчо
Велковски непрецизно биеше крај голот. Во
претпоследната минута од првиот дел Воденичаров изби пак сам пред гостинскиот
голман, но многу лошо биеше со левата нога и пропадна уште една голема шанса за
зелените. Иако битолчани играа допадливо, на одмор со предност заминаа гостите
од Штип. Вториот дел започна мирно, без притисок на домашната екипа и комплетна
контрола на случувањата на Брегалница. Младиот 17 годишен Мартин Мирчевски доби
нешто повеќе од половина час, влегувајќи на местото на Петар Љамчевски. По еден
час игра повторно битолчани ја погодија рамката од голот на Брегалница. Димитар
Воденичаров биеше од волеј од 10-12 метри, топката ја погоди пречката и се одби
во поле, спасувајќи го гостите. И Главевски влезе во игра и домаќините во
последните 20 минути со комплетна офанзива се обидоа да го свртат натпреварот. Николај
Христов се обиде со глава во 79 минута по корнерот на Мирчевски, но пак биеше
за малку крај стативата. На осум минути до крајот на средбата Анастасов убаво
мина по десната страна и центрираше, во срцето на петерецот Димитар Воденичаров
беше најприсебен и ја смести топката во мрежата на Брегалница. Во отворен финиш
Пелистер го заслужи израмнувањето и јуришаше на пресврт за победа. Младата
битолска екипа ги надигра физички инфериорните фудбалери на Брегалница и само
среќата им го сврте грбот што не победија. Со ова реми Пелистер се збогува со
европските амбиции и сезоната ќе ја заврши на петтото или шестото место.
.
Бочевски одсутен,
Хусеин ги водеше пелистерци
Заради приватни
причини тренерот на Пелистер, Драган Бочевски не ја водеше екипата на
последниот домашен меч на битолскиот прволигаш со Брегалница. Неговите
помошници Неџат Хусеин и Спасе Ристевски ја водеа екипата на последниот домашен
натпревар во сезоната. Во последното коло в недела на 18 мај, битолчани му
гостуваат на Шкендија.
Нема коментара:
Постави коментар