Powered By Blogger

6. 5. 2014.

Пораз во режија на судијата Јакимовски

ЕВРОПА СЕ ПОДАЛЕКУ НА БИТОЛСКИТЕ ФУДБАЛЕРИ ПО НЕДЕЛНИОТ ПОРАЗ ВО ТУРНОВО
Прва фудбалска лига - 31 - коло 
Хоризонт Турново - Пелистер 1:0 (0:0)

Фудбалерите на Пелистер го претрпеа вториот последователен пораз во директните дуели за излез во Европа и сега не зависат сами од себе за пласман на меѓународна сцена. Имено на „Кукуш„ во Турново во изедначен натпревар, во кој битолчани имаа свои шанси дури и за три бода, во самата завршница една повеќе од спорна одлука на скопскиот судија Дејан Јакимовски го одлучи победникот.
Со голот на Сашко Пандев од слободен удар во 79 минута екипата на Гоце Седлоски за прв пат оваа сезона го совлада Пелистер и се наметна дури и во борбата за титулата. На голот му претходеше непостоечки пенал за домаќините, па интервенција на Пашовски и во продолжение од акцијата водечки гол на Хоризонт Турново. Агонијата на битолчани да биде уште поголема Филип Миленковски беше исклучен во 79 минута. Екипата на Бочевски и покрај желбата и ангажманот не успеа до крајот на средбата со еден фудбалер помалку да возврати. Пелистер на петтото место е стигнат и од Шкендија и во наредното 32 коло в недела на 11 мај го дочекува тимот на Брегалница. Во последното коло одлуката за европските сништа ќе падне во Тетово против разиграната Шкендија. 

Нема коментара:

Постави коментар