Powered By Blogger

6. 5. 2014.

Битолчани со надеж на „Кукуш„

БЕЗ НЕКОЛКУ ФУДБАЛЕРИ, ПЕЛИСТЕР ВЕРУВА ВО БОДОВИ НА ЕДНО ОД НАЈТЕШКИТЕ ГОСТУВАЊА ВО ЛИГАТА
На три кола до крајот на овој турболентен шампионат, Пелистер сеуште ништо не направил, ништо не обезбедил, иако голем дел од овие 30 кола беше во зона која води во фудбалска Европа.
За да се врати меѓу водечките 3,4 екипи потребни му се сигурно над 50% од бодовите во последните три кола, а еден од директните дуели е токму мечот со Хоризонт Турново, против кого имаат 4 од можните 6 бода во претходно одиграните два натпревари. Пелистер пак има играчки проблеми и на „Кукуш„ ќе мора без Елмазовски, Љубенов, Ристевски, Динчев и Воденичаров. Затоа тренерот Бочевски до последен момент нема да знае со кој тим ќе му се спротистави на Хоризонт Турново, кој во претходното коло направи голем исчекор кон врвот. Левиот бек на битолчани Филип Миленковски, кој на последните три натпревари е прекомандуван во средниот ред, верува во соиграчите: „Мислам дека во вакви натпревари се познава карактерот на екипата. Пелистер имаше и позитивни и негативни моменти и ако сега потклекнеме зошто ни беше трудот цела сезона. Мислам дека можеме да се надигруваме со Хоризонт Турново, но и знаеме колку е тешко да се освојат бодови на нивниот стадион. Сигурно и тие не респектираат, посебно по последниот меч на „Кукуш„ кога ги совладавме. Паметам дека и тогаш отидовме со многу изостаноци, но се надминавме и победивме. Не гледам причина да не веруваме дека и овој пат може да биде идентично„ вели Миленковски. Средниот ред останува најголем ребус, а Мустафов или Љамчевски ќе влетаат по десната страна на местото на „пожолтениот„ Елмазовски. Во нападот само двајца класични напаѓачи кандидираат за едно слободно мести и многу веројатно Марковски и Главевски ќе ја поделат минутажата в недела. Пелистер влева многу поголема сигурност оваа сезона во гости и можеби затоа постојат скриени надежи на избраниците на Бочевски за подвиг против Хоризонт Турново.

Нема коментара:

Постави коментар