Powered By Blogger

9. 5. 2014.

Наковска - Бикова осма на Светскиот Куп во Полска

НАЈПОЗНАТАТА БИТОЛСКА СПОРТИСТКА ВЛЕЗЕ ВО ГОЛЕМОТО ФИНАЛЕ И ГО ОСВОИ ОСМОТО МЕСТО ВО ЕВРОПА
Нов блесок на најпознатата битолска спортистка. Македонската златната параолимпијка Оливера Наковска Бикова во дисциплината воздушен пиштол во квалификациите го оправда своето високо реноме и го освои осмото место на Светскиот куп во стрелаштво за лица со инвалидност кое се одржува во Шќеќин, Полска од 7 до 11 мај.
Наковска-Бикова после првите три серии имаше просечен резултат над светскиот рекорд. Во последната серија не беше доволно сконцентрирана и квалификациите ги заврши со 378 кругови (3 помалку од нејзиниот светски рекорд), а пет кругови повеќе од второпласираната конкурентка од Иран. Според новите правила кои важат од минатата година, сите осум финалисти стартуваат од нула и предноста која Оливера ја имаше по квалификациите веќе не беше важна. При најавата на финалистите Оливера како актуелен параолимписки шампион беше дочекана со овации од публиката и нејзините колеги - стрелци.

Нема коментара:

Постави коментар