Powered By Blogger

15. 5. 2014.

Металург преку Пелистер ги стави рацете на титулата

ВО ТРИ ДЕНА ДВЕ ПОБЕДИ НА ВЕРОЈАТНО НОВИОТ ШАМПИОН МЕТАЛУРГ ПРОТИВ ПЕЛИСТЕР
Mеталург - Пелистер 35:23 (19:9)

Откако ги завршија двата меѓусебни дуела, Вардар и Металург имаат само рутински задачи против остатокот од конкуренцијата во плејофот од Супер лигата, но екипата од Автокоманда е онаа што се мотивира од титулата која ѝ се насмевнува.
За само три дена Металург и Пелистер одиграа два официјални меча  откако Пелистер демонстрираше силен отпор во мечот од Купот,за првенствени бодови немашеенергија за подвиг.„Металурзите“ вечерва го совладаа Пелистер со 35:23 (19:9) и дојдоа на два меча до теоретско заверување на титулата. Златко Мојсоски постигна шест гола, Циндриќ, Манасков и Георгиевски по пет, додека прв стрелец на средбата беше Дрогришки од Пелистер, со седум погодоци.

Нема коментара:

Постави коментар