КИК БОКСЕРИТЕ НА САМУРАЈ ГО ОДБЕЛЕЖАА ДРЖАВНОТО ПРВЕНСТВО ВО СКОПЈЕ
Овој викенд во
спортската сала во Ново Лисиче - Скопје се одржа државното Првенство зво кик-бокс за сениори во организација на
Кик Боксинг федерацијата на Македонија.На ова големо натпреварување учество
зедоа и кикбоксерите од Кик
Бокс клубот ,,САМУРАЈ“ од нашиот град.
Битолчаните покажаа дека се едни од најдобрите во нашата држава во рингот и дека навистина се доминантни и се посебно респектирани од борците од другите клубови ширум нашата држава. Кик Боксерите од САМУРАЈ се вратија од ова државно првенство со вкупно 5 медали од кои 1 златен и 4 сребрени медали, сите во дисциплината лоу кик што навистина зборува за квалитетот на Кик Бокс клубот ,,САМУРАЈ“.Имено со златен медал односно државен првак во тешка категорија +91 кг. се закити Александар Димовски-Димса. Веднаш по него во финалната борбa Александар Најдовски -86 кг. покажувајќи гладијаторска борба со целосна доминација над противникот за време на целата борба, но со голема судиска неправда ја загуби борбата со 2:1 на што реагираше целата публика во знак на негодување на оваа одлука го освои второто место и се закити со сребрен медал. По него Дејан Дамевски во дисциплината до 71 кг. во финалето тесно загуби и освои сребрен медал,како и Мартин Наумовски до 75 кг. го освои второто место и исто така овои сребрен медал. Најинтересната работа што се случи на ова натпреварување беше тоа што во финалната борба во тешка категорија во финале се сретнаа двајца борци од САМУРАЈ од нашиот град - Александар Димовски -Димса и Филип Настевски - Сајпот. По навистина жестоката борба, победи искуството на Александар при што Филип го освои сребрениот медал. За крај тренерите на Кик Бокс клубот ,,САМУРАЈ“ од Битола Тони Бошевски и Гордана Цветковска Бошевска ни изјавија дека се презадоволни од настапот на сите натпреварувачи од клубот и дека ќе продолжат со подготовките, бидејќи претстои Кикбокс Гала вечер која како и минатата година треба да се одржи кон крајот од месец јуни.

Нема коментара:
Постави коментар