ПОСЛЕДНИОТ МАКЕДОНСКИ ОСВОЈУВАЧ НА МОНТ ЕВЕРЕСТ НЕ ШТЕДЕШЕ ЗБОРОВИ ЗА ПРВИОТ МАКЕДОНСКИ ОСВОЈУВАЧ
Салата на
битолскиот народен театар беше претесна да ги прими сите вљубеници на
алпинизмот, на планината и природата кои дојдоа да го поздрават јубилејот - 25
години од искачувањето на Монт Еверест на Димитар Илиевски - Мурато.
Личната рефлексија на професор д-р Сашко Кедев, кој 20 години по Мурато се искачи на врвот на светот беше детална, забавна и 90 минути Кедев говореше за неговиот подвиг да се искаче на седумте највисоки врвови на сите седум континенти. Пред презентацијата тој емотивно говореше за Мурато: „Сум имал преку 20 вакви презентации низ Македонија, ама ова да го претставам во Битола, во градот на Димитар Илиевски - Мурато е нешто посебно. Во овој спорт, но и генерално во македонскиот спорт, Мурато нема рамен на себе. Неговиот подвиг во тоа време, со таа логистика е најголемиот подвиг„ рече Кедев. На 10 мај 1989 година Димитар Илиевски - Мурато стана првиот македонец, кој го освои највисокиот светски врв. Во неговата чест в сабота ПСК Пелистер го организира 25 јубилеен меморијален марш.

Нема коментара:
Постави коментар