Powered By Blogger

7. 5. 2014.

Четврт век од искачувањето на првиот македонец на Еверест

ПСК ПЕЛИСТЕР ГО ОДБЕЛЕЖУВА ЈУБИЛЕЈОТ 25 ГОДИНИ ОД ИСКАЧУВАЊЕТО НА МОНТ ЕВЕРЕСТ НА ЕДНА МАКЕДОНСКА ЕКСПЕДИЦИЈА
Битола и Македонија не го заборавиот својот спортски великан, кој пред точно 25 години влезе во историјата со најтешкиот подвиг во светот на алпинизмот - освојувањето на највисокиот светски врв Монт Еверест. Имено на 10 мај се навршуваат 25 години од искачувањето на битолчанецот Димитар Илиевски - Мурато на „врвот на светот„
За жал не успеа да се врати од таму, но неговиот херојски подвиг претставува еден од најголемите спортски успеси во историјата на нашиот спорт. Неговиот матичен ПСК Пелистер секоја година на почетокот на месец мај го организира меморијалниот марш „Димитар Илиевски - Мурато„ а годинава заради јубилејот ќе приреди уште неколку манифестации во чест на великанот. Имено вечерва следува изложба на фотографии на Петар Ставрев од сите досегашни 24 марша, како и автентични фотографии на семејството Илиевски од постигањата на Мурато во текот на неговата кариера. Утревечер со презентација во битолскиот театар ќе гостува професорот Сашко Кедев, кој во 2009 година го освои Мон Еверест, а подоцна се искачи на сите највисоки врвови на сите седум континенти. В четврток во малата сала на Центарот за култура со свое излагање ќе гостува водичот на ескпедицијата „Еверест 1989„ Јован Поповски. В сабота ќе се одржи традиционалниот меморијален марш, а има најави за голем број на учесници и не само од Битола, туку и од останатите градови. Исто така донесена е одлука за изградба на споменик во чест на Димитар Илиевски - Мурато и според претседателот на ПСК Пелистер, Димче Поповски од клубот се засилени барањата и владеее оптимизам дека тој споменик наскоро ќе биде направен. Манифестација во чест на искачувањето на првата македонска експедиција на Монте Еверест ќе се одржи и во Скопје на 3 јуни.  

Нема коментара:

Постави коментар