ПЕЛИСТЕР ЌЕ ИГРА ДОМАШНИ МЕЧЕВИ ВО ПРИЛЕП, А СТАДИОНОТ ПОД ТУМБЕ КАФЕ ЌЕ БИДЕ РЕНОВИРАН
Без разлика што
пред неколку недели Пелистер се изјасни дека сака да игра на свој терен до
крајот на сезоната и да го одложи реновирањето на стадионот „Тумбе кафе„ денес
стигна потврда дека стадионот ќе биде затворен за натпревари и тренинзи, бидејќи
следува првиот чекор од подновувањето на застарениот спортски објект во Битола.
Како дел од програмата „Хет-трик„ стадионот во Битола ќе добие нов тревник, а
инспекцијата на ФФМ, денес го потврди одобрувањето на новата трева за домот на
пелистерци. Подоцна се очекува да биде изградена и нова трибина, како дел од
проектот за нов стадион. Времето на нејзина изградба сеуште не е дефинирано.
Неофицијално Пелистер своите домашни мечеви ќе ги игра во Прилеп на стадионот
„Гоце Делчев„ каде своите мечеви ги игра третолигашот Победа. Во комбинација се
уште терените во Охрид и теренот на ФФМ во Скопје, но соседниот Прилеп е првиот
избор. Можеби таму ќе им тргне на битолчани, кои не победиле од 14 септември, а
во неделата на последниот домашен меч загуби од Хоризонт Турново со 0:1.
Нема коментара:
Постави коментар