ЗАПОЧНА ИСТОЧНО-ЕВРОПСКИОТ ШАМПИОНАТ ВО МОТОКРОС СО ДОБАР РЕЗУЛТАТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ МОТОКРОСИСТИ
Битолчанецот Христијан Илиоски го освои третото место во
двете трки од стартот на Источно-европското во Јаница, Грција. Во класата МХ1,
каде што по вчерашното прво место во квалификациите и денес Кико беше одличен и
заврши зад Георгиос Арванитис (Грција) и Тодор Тотев (Бугарија).
На трката во Грција настапија и Гоце Томовски,
кој беше седми во МХ1, додека во МХ2 први бодови освои Ангел Ристов со пласман
на 18 место. Кај ветераните во класата МХV, Мирче Ќорнаков беше петти и осми во
двете трки, две шести места оствари и Борче Костов. Во јуниорска конкуренција (МХ2 јуниор)
Адријан Ристевски забележа 12 и 15 место.
Нема коментара:
Постави коментар