Powered By Blogger

5. 4. 2015.

Охридски „Фер-плеј„ слави во Босна, битолчанецот Димитровски нај-стрелец

НОВ БЛЕСОК НА ТАЛЕНТИРАНИТЕ БИТОЛСКИ МОМЧИЊА, ОВОЈ ПАТ ВО ДРЕСОТ НА ОХРИДСКИ ФЕР-ПЛЕЈ

Фудбалската школа „Фер плеј„ од Охрид е победник на третиот традиционален турнир за млади категории „Пелагичево Куп 2015„. Ова е турнир за фудбалери родени 2003 година и помлади.
И покрај тоа што учествуваше охридски тим, неколку фудбалери од Битола од фудбалската школа Талент (Димитровски, Тасевски и Стојановски) настапуваа за „Фер-плеј„ и ја направија разликата. Во финалето македонската екипа го совлада тимот на Звезда од Градачец со 2:1, а наградата за најдобар играч и најдобар стрелец ја освои битолчанецот Никола Димитровски.

Нема коментара:

Постави коментар