НОВ ГОЛЕМ УДАР ЗА МАКЕДОНСКИОТ МОТО-КРОС И ШАМПИОНОТ КИКО ИЛИОСКИ
Ниту еден месец
по апелот за помош и барем минимални услови за нов мотор и патувања, нема
одговор за вицешампионот на источна Европа во мото-крос, Христијан Илиоски.
Второто место во Грција на првата трка и тоа со старт мотор требаше да биде
последна шанса инситуциите, федерацијата, Агенцијата за млади и спорт,
општината или стопанствениците да помогнат, но пак ништо.
Кико не отпатува за
Турција на втората трка, која ќе се вози овој викенд, а тоа е голем пораз и за
него како максимално посветен спортист, но и за неговиот клуб, федерацијата и
целиот наш спорт. Битолчанецот се обрати до јавноста со најава дека неговата
желба за натпреварување полека „умира„.: „Не отпатував за Бурса за втората
трката од Источно-европското првенство. Нема услови за мој настап таму. Пробав
сам да ги решам техничките проблеми, но ништо од тоа. Немам подршка од никого.
Сите мои писма или укажувања во Мото-федерацијата завршуваат без одговор или во
нечија фиока. Минатата сезона укажував како со помош од Агенцијата за спорт и
млади, може да се помогне. В понеделник
ќе одам во општина Битола
повторно и ќе побарам средба. Доколку и од таму не добијам помош ќе ги оставам
сите пехари пред Општината. Ќе си го барам заслуженото со многу труд,
пожртвуваност, правото на еден спортист да се натпреварува и да учествува,„
заврши Илиоски во дописот до медиумите. Со самото неучество во Турција, Илиоски ги губи шансите за висок пласман
во сезоната која е на самиот почеток.
Нема коментара:
Постави коментар