Powered By Blogger

26. 4. 2015.

11 злата и 4 сребра за асовите на К.Б.К.“ ЗАНШИН”

ФАНТАСТИЧЕН УСПЕХ НА КИК-БОКСЕРИТЕ НА ЗАНШИН НА ДРЖАВНИОТ ШАМПИОНАТ
Овој викенд во спортската сала “НЕЛА-АР” во населба Драчево - Скопје , се одржа државните сениорско, јуниорско и кадетско првенство за пласман  на светското првенство во кик бокс , кое ќе се одржи во Шпанија од 6 до 14 септември оваа година.
На ова првенство  К.Б.К.“ ЗАНШИН” - Битола настапи со 7 борци и се закити со 11 златни и 4 сребрени медалји. Денис Муаремовски во сениорска конкуренција , во дисциплината Лол кик до 63 кг.  се закити со златен медал. На Денис во финалната борба за злато му беа потребни повеќе од 20 секинди за да го нокаутира  противникот. Исто така на ова првенство Стефанија Петковска, најмладиот натпреварувач од во дисциплината помлади кадети  до 47 кг. и во една  категорија повисока  од својата, се закити со злато во кик лајт и сребро во лајт контакт. Бојан Долински кај кадетите до 52 кг. се закити со две злата и едно сребро во дисциплините кик лајт и лајт контакт. Музафер Асановски во дисциплината  кик лајт се закити со сребро додека во дисциплината лајт контакт до 57 кг, се закити со злато. Ивана Петковска во категорија над 65 кг. освои две злата во дисциплините кик лајт и лајт контакт, која го потврди минатогодишниот успех. Симона Ѓоревска во јуниорска категорија до 50 кг, освои злато во кик лајт и сребро во лајт контакт . Сетфан Сунчевски  кај кадетите под 63 кг. освои три златни медали и тоа во дисциплините кик лајт и лајт  контакт. Стефан Сунчевски  на ова првенство уште еднаш го потврди својот квалитет и минатогодишниот успех.  

Нема коментара:

Постави коментар